Преглед на приватноста

Оваа веб-страница користи колачиња за да ви обезбеди најдобро можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се складираат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како препознавање кога се враќате на нашата веб-страница и им помагаат на нашите програмери да разберат кои делови од веб-страницата ви се најинтересни и најкорисни.

Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња треба да бидат овозможени во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите поставки за колачиња.

Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите преференции. Тоа значи дека секој пат кога ќе ја посетите оваа веб-страница, ќе треба повторно да ги овозможувате или оневозможувате колачињата.

Соопштение

Во врска со зачестените сајбер-напади во државата и регионаот, Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT препорачуваат организациите од јавниот, владиниот и приватниот сектор да извршат безбедносна процена на своите ИКТ системи и услуги и да имплементираат и применуваат превентивни мерки  и процедури за заштита од сајбер напади и инциденти.
Најважна работа за организациите e да се погрижат да се воспостават основите на сајбер безбедност за да се заштитат нивните вработени, корисници на услуги, информации, уреди, мрежи и системи. Во продолжение се наведени активности кои имаат за цел организацијата  да се осигура дека основните контроли за сајбер хигиена и безбедност се поставени и истите правилно функционираат.

Препорачуваме следните активности да се високо-приоритетни за секоја организација, и во најкраток рок истите да ги имплементира:

  • Навремено ажурирање на системски и апликациски софтвер и хардвер со последни јавно достапни верзии од производителите
  • Проверка и ревизија на пристапот, преку повремена промена на лозинки, воведување на најава со повеќе фактори, ограничено користење на сметки со администраторски пристап и евиденција на активностите во дневници/Logfiles
  • Проверка на мерките за одбрана, преку навремено ажуриран и активен антивирусен софтвер на сите уреди и системи, и со периодично тестирање на правилата за интернет сообраќај поставени на огнениот ѕид/Firewall
  • Надзор и евиденција на пристап и кориснички активности, преку запишување на секоја активност во дневници / Log files, и алармирање за невообичаени активности
  • Тестирање и ревизија на политиките за бекап и валидација за исправен бекап, со проверка дали политиките и процедурите за снимање на заштитена копија од важните податоци одговараат на потребите на организацијата, како и проверка на снимени копии од податоци со нивно „враќање“ – за да знае организацијата дека снимените податоци се во ред.
  • План за одговор на инциденти, со идентификувано лице на кое вработените треба му да пријавуваат сомнителни активности и кое ќе ги организира активностите поврзани со справување со инцидентот – со крајна цел што побрзо да се врати нормално работење на организацијата
  • Безбедност на интернет и јавни услуги и сервиси, преку спроведување на надворешно безбедносно скенирање, по што треба да следи период на поправка на најдени слабости, и воспоставени директни контакти со Интернет провајдерот за брз одговор во случај на DDoS напади
  • Одговор на фишинг-напади, преку едукација на вработените како да препознаат лажни пораки и кому да пријават
  • Безбедност на соработници и трети лица/страни, преку проверка и ревизија на ресурсите до кои организацијата им овозможува пристап на надворешни лица и фирми, вклучитлено и компаниите кои се ангажирани за одржување на ИКТ системите
  • Пријава на инциденти и сомнителни активности, во склоп на организацијата и до MKD-CIRT. Споделете информации со MKD-CIRT и на тој начин ќе помогнете да се заштитат и другите организации во државата. При тоа, MKD-CIRT пред да сподели пријавена информација, истата ќе ја направи анонимна и не споделува податоци за пријавувачот со трети страни/лица.

MKD-CIRT им препорачува на сите организации во државата да ги имплементираат и користат минималните мерки за сајбер-безбедност кои се наведени во шемата за само-оценување „Сајбер Одговорна Организација“. Повеќе информации ќе најдете на следниот линк: https://mkd-cirt.mk/odgovorno-rabotenje-na-internet/.

Користење на услуга за Наворешна сајбер безбедносна проверка на веб апликации (надворешно скенирање на веб-сајтови). Услугата е бесплатна за операторите на јавни електронски комуникациски мрежи и услуги, организации од јавен и владин сектор и оператори на критична инфраструктура во државата. Со оваа услуга организацијата ќе добие извештај за најдени слабости на своите веб-сајтови кои криминалците може да ги искористат, како и насоки како да ги поправи. Повеќе за услугата на: https://mkd-cirt.mk/usluga-za-proverka-na-veb-aplikacii/.

За подигање на јавна свест за значењето на сајбер-безбедноста и за едукација на вработените, Ви предлагаме следење на бесплатни основни онлајн обуки за сајбер-безбедност наменети за вработени и менаџери, кои се достапни на порталот за едукација на MKD-CIRT на: https://lms.mkd-cirt.mk/. Обуките се достапни на македонски и албански јазик.

 

Пријавувајте до MKD-CIRT сајбер-инциденти и сомнителни пораки и активности на:

Е-пошта: Info@mkd-cirt.mk

Телефон: 02 3091232