Услуги на MKD-CIRT
Одговор на инциденти и ранливости, рано предупредување, размена на информации и едукација – услуги за граѓаните, институциите и конституентите на националниот центар за одговор на компјутерски инциденти.
Одговор на инциденти и ранливости
Прием, анализа и координација на безбедносни инциденти и ранливости на национално ниво.
Пријава и одговор на инцидент
Пријавете безбедносен инцидент. MKD-CIRT ја анализира пријавата, дава насоки за ограничување и обновување и ја координира реакцијата со засегнатите страни.
Координирано откривање ранливости
Безбедно пријавување ранливости во системи и производи. MKD-CIRT посредува меѓу пријавувачот и сопственикот до објавување на поправка.
Поддршка на лице место
Кај значајни инциденти во суштинските и важните субјекти, тимот може да обезбеди техничка поддршка и координација на лице место.
Сајбер свесност и рано предупредување
Навремени информации за закани, ранливости и засегнати системи во Северна Македонија.
Aware – рано предупредување
Известувања за закани и изложени системи што ја засегаат вашата организација, засновани на мониторинг и сензорски податоци.
MISP – размена на информации
Платформа за размена на индикатори за компромитација, закани и ранливости меѓу MKD-CIRT и конституентите.
Известувања и предупредувања
Вести за актуелни сајбер закани, активно злоупотребувани ранливости и безбедносни поправки.
Сајбер статистика
Дневна статистика за засегнати IP адреси, видови закани и изложеност во Северна Македонија.
Сајбер мапа
Интерактивен преглед на засегнатите и изложените системи по општини.
Годишни извештаи
Преглед на клучните показатели, малверот и активностите на MKD-CIRT од 2019 година.
Едукација и заштита
Бесплатни обуки, алатки за самооценување и практични совети за безбедно користење на интернетот.
Онлајн обуки за сајбер безбедност
Бесплатни интерактивни обуки за безбедно користење компјутери, мобилни уреди и интернет – над 20.000 завршени обуки.
Cyber Safe
Едноставна рамка и алатка за самооценување за заштита на организацијата од најчестите сајбер напади, без оглед на нејзината големина.
Самоевалуација според ЗБМИС
Проверете дали вашата организација е суштински или важен субјект и колку е подготвена за обврските од законот.
Јавна свест – совети за граѓаните
Практични безбедносни совети за секојдневно безбедно користење на интернетот.
Станете конституент на MKD-CIRT
Конституентите добиваат пристап до MISP и Aware, навремени известувања за засегнатите системи и директна поддршка при инциденти.