Сајбер одговорна организација

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian)

Сајбер одговорна организација“ е едноставна, но ефективна шема/рамка која ќе ви помогне да ја заштитите вашата организација, без оглед на нејзината големина, од цела низа најчести сајбер напади.

УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ШЕМА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА „САЈБЕР ОДГОВОРНА ОРГАНИЗАЦИЈА“

ОНЛАЈН ПРАШАЛНИКОТ ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ ВИ Е ДОСТАПЕН И ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ ВО MSWORD ФОРМАТ И ЛОКАЛНО ПОПОЛНУВАЊЕ КАЈ ВАС

Сајбер нападите имаат различни форми и големини, но најголемиот дел од нив се едноставни по природа, извршени од релативно неквалификувани лица. Тие се дигитален еквивалент на крадец кој проверува дали влезната врата е отклучена. Советите и добрите практики кои се дел од оваа рамка се дизајнирани да помогнат во спречување на овие напади.

Сертификација за „Сајбер безбедна организација“ и користење на беџ

Со цел да се мотивираат организациите да имплементираат мерки и добри практики за сајбер безбедност во своето работење, MKD-CIRT воведува сертификација и „Беџ за сајбер одговорна организација”, кои ќе овозможат јасно препознавање на организациите кои успешно ќе го завршат процесот на самооценување на своето работење и согласно правилата предвидени со процедурата успешно ќе ја завршат постапката за сертификација за „сајбер одговорна организација“.

Беџот е визуелна ознака која секоја организација што успешно го завршила процесот за сертификација ќе може да го постави на својата на веб страница. На тој начин на своите корисници на производи и услуги ќе им предочи дека станува збор за организација која имплементира мерки и контроли  за сајбер безбедност и следи добри практики во своето работење, согласно успешно завршениот процес за сертификација.

Беџот ќе биде поставен само кај организациите кои што доброволно и самостојно ќе се пријават за сертификација за „Сајбер одговорна организација“ и кои успешно го завршиле тој процес.

Поволности

Процесот за сертификација и за самооценување ви дава заштита од широк спектар на најчести сајбер напади. Ова е важно затоа што ранливоста на едноставни напади може да ве направи лесна мета на сајбер криминалци.

Сертификацијата ви дава потврда дека преземените мерки за одбрана ќе ја заштититат организацијата од најчестите сајбер напади, едноставно затоа што овие напади бараат цели кои не ги имаат воспоставените технички контроли што се дел од процесот на самооценување и сертификација за „Сајбер одговорна организација“. Услугата за „Сајбер одговорна организација“ ви покажува како да ги имплементирате основните мерки и контроли за сајбер заштита и да ги спречите најчестите напади.

Поволности за организацијата:

  • Вашата организација е дел од листата на сертифицирани сајбер одговорни организации на MKD-CIRT
  • Зголемување на посетите на Вашата веб страница и информирање за вашата организација како одговорна организација преку промотивните активности на MKD-CIRT
  • Зголемена доверба кај постојните и нови корисници на вашите производи и услуги
  • Зголемена препознатливост и доверба во Вашата организација

Поволности за корисниците на вашите производи и услуги вклучуваат зголемена доверба кај сите стеикхолдери.

Што беџот не претставува

Беџот не претставува потврда за успешна надворешна проверка за усогласеност на работењето на организацијата. Организацијата самостојно и доброволно изјавува дека ги користи најдобрите практики за сајбер-безбедноста во работењето.

 

Листа на организации со издаден беџ

Кликнете на редот во кој се наоѓа компанијата која ве интересира за да добиете повеќе информации за истата.