Сајбер одговорна организација


ЗАСТАНИ | РАЗМИСЛИ | ПОВРЗИ СЕ

Потпишан протокол за соработка на MKD-CIRT и SRB-CERT

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Во рамки на денешниот регионален состанок на регулаторните национални тела надлежни за електронски комуникации кој се одржува во Белград, директорите на Регулаторната Агенција за електронски комуникации и поштенски услуги на Република Србија – Владица Тинтор и Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија – Сашо Димитријоски потпишаа протокол за соработка помеѓу националните центри за одгов

ор на компјутерски инциденти во Македонија MKD-CIRT и во Србија SRB-CERT.

Регионална конференција за сајбер-безбедност „Соработка и размена на информации“, 09-10 октомври 2018

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како дел од Агенцијата за електронски комуникации, во соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје и Regional Cooperation Council RCC на 9 и 10 октомври 2018 година организира регионална конференција за сајбер-безбедност на теми: соработка и размена на информации.

На овој дводневен настан учествуваат претставници од 8 национални тимови за одговор на компјутерски инциденти од југоисточна Европа како и експерти за сајбер-безбедност од меѓународни организации, форуми за соработка и приватни компании. На конференцијата ќе учествуваат и домашни претставници од владиниот и јавниот сектор, како и лица одговорни за информациска безбедност од компаниите кои управуваат со критичните инфраструктури во Република Македонија.

Цел на конференцијата е подобрување на соработката меѓу тимовите во регионот, размена на најдобри практики и искуства за подобрување на отпорната во регионот на сајбер-напади и заштита на критичните инфраструктури, дискусија за идни форми на соработка и заедничко дејствување со меѓународните организации како и можности за јавни-приватни партнерства.

Прва национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

На 8 мај 2018 година, Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT во соработка со ОБСЕ мисијата во Скопје ја организираше Првата национална симулациска вежба за справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти на национално и меѓународно ниво. Настанот се одржа во хотел Арка, Скопје. За прв пат во Република Македонија учествуваа 45 учесници од 35 организации од владиниот, јавниот и приватниот сектор, како и оператори на критични инфраструктури во Република Македонија. Цел на настанот беше подобрување на соработката и координацијата на национално ниво во справување со компјутерски/ИКТ безбедносни инциденти. Настанот вклучи и симулациска вежба за напад на системи од критична инфраструктура и координација на одговорот при справување со инцидентот.

 

 

Добредојдовте на веб-страницата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти на Република Македонија.

Со член 26-а од Законот за електронските комуникации во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти (MKD-CIRT), која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.

Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви.

  • Key ID: 0x333C00DB
  • Key Type: RSA 4096
  • Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB