Регистрација

Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)

Услугите на MKD-CIRT се наменети за регистрираните и за нерегистрираните конституенти.
MKD-CIRT ги дава истите услуги за управување со инциденти на регистрираните и на нерегистрираните конституенти, но притоа може да применува различни нивоа на услуги.
 
Квалитетот на услугите кои MKD-CIRT ги дава на нерегистрираните конституенти може да биде помал, особено во следните случаи:
·         Како резултат на зголемен обем на работа: MKD-CIRT дава приоритет на регистрираните конституенти. Ако тимот е во голема мерка преоптоварен со работа, приоритет ќе им биде даден на пријавите за инцидент поднесени од регистрираните конституенти.
·         Кога недостасуваат суштински информации за нерегистрираниот конституент: На  MKD-CIRT ќе му биде потребен одреден временски период за да ја заврши процедурата за запознавање/истражување на организацијата на конституентот (Proof of concept, системите кои се користат и сл.), што има директно влијание на времето на реакција.

За да се избегнат дел од проблемите со кои се соочуваат нерегистрираните конституенти, MKD-CIRT препорачува регистрација на конституентите. Ќе бидат регистрирани само оние организации кои се поддржани од MKD-CIRT, односно ги исполнуваат критериумите за конституент (MKD-CIRT RFC2350).
 
Регистрацијата се прави со пополнување и потпишување на формулар и негова достава до MKD-CIRT. ОБРАЗЕЦ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА КОНСТИТУЕНТ
Повеќе информации за PGP и за начинот на креирање на пар од PGP Клучеви ќе најдете на следните линкови: