Совети за интернет безбедност и сигурност за родители

Интернетот е прекрасно место за учење и забава, но како и светот околу нас, може да претставува опасност ако не се преземат мерки на претпазливост. Овозможувањето на слободен пристап го изложува на ризик вашето дете, вашиот компјутер и вашите лични податоци. Помогнете да им всадите добро расудување на вашите деца, охрабрувајќи ги да преземат некои разумни чекори.

Одржувајте го уредот без зарази
Ажурирајте го безбедносниот софтвер: Инсталирањето на најновите верзии на оперативниот систем, софтверот, антивирусната заштита, веб-пребарувачите и апликациите е најдобрата одбрана против малициозен софтвер и други онлајн закани.
Автоматизирајте го ажурирањето на софтверот: Многу софтверски програми автоматски ќе се поврзат и ажурираат за да се одбранат од познатите ризици. Вклучете ги автоматските ажурирања ако тоа е достапна опција.
Заштитете ги сите уреди што се поврзуваат на Интернет: Компјутерите, паметните телефони, играчките конзоли и другите уреди со веб-пристап имаат потреба од заштита од вируси и малициозен софтвер.
Заштитете ги личните информации на вашето дете.
Помогнете им на вашите деца да го контролираат своето онлајн присуство: Кога тоа е достапно, поставете ги поставките за приватност и безбедност на веб-страниците на ниво со кое сте удобни во однос на споделувањето на информации. Потсетете ги дека е во ред да се ограничи како и со кого ги споделуваат информациите.
Поврзувајте се внимателно.
Ако се сомневате во нешто, отстранете го: Потсетете ги вашите деца дека линковите во е-пошта, твитови, постирања и онлајн рекламирање честопати се начин на кој сајбер-криминалците го компромитираат вашиот компјутер. Ако изгледа сомнително, дури и ако го познавате изворот, најдобро е да ги избришете или, доколку тоа е соодветно, означите како несакана е-пошта.
Бидете мудри кога сте на веб.
Бидете тековно информирани. Одржувајте темпо со новите начини за да останете безбедни онлајн. Проверете ги доверливите веб-страници за најновите информации, споделете ги со вашите деца и поттикнете ги да бидат мудри кога се на веб.
Биди добар онлајн граѓанин.
Побезбедно за мене, побезбедно за сите: Она што вие и вашите деца го правите онлајн има потенцијал да влијае на сите – дома, на работа и во целиот свет. Практикувањето на добри онлајн навики придонесува за целата глобална дигитална заедница.
Повеќе семејни практики за онлајн безбедност:
Познавајте ги можностите за заштита на ISP (давателите на интернет услуги) и софтверот што го користат вашите деца. Сите поголеми даватели на интернет услуги имаат алатки со кои ви помагаат да управувате со онлајн искуството на помалите деца (на пример, избирање на одобрени веб-страници, следење на времетраењето кое го поминуваат на интернет или ограничување на лицата со кои можат да ги контактираат), а може да имаат и други безбедносни карактеристики. Но, запомнете дека вашиот дом не е единственото место каде што тие можат да пристапат на интернет.

Останете позитивно инволвирани. Обрнете внимание и запознајте ги онлајн-опкружувањата на вашите деца. Сурфајте го Интернетот заедно со нив. Ценете го учеството на вашите деца во онлајн заедниците и покажете интерес за нивните пријатели. Обидете се да реагирате конструктивно кога ќе наидете на несоодветен материјал. Направете го тоа момент кога треба да научат нешто.

Поддржувајте ги нивните добри избори. Проширете го онлајн искуството на вашите деца и нивната автономија кога тоа е соодветно за нивниот развој и кога покажуваат компетентност за безбедно и сигурно онлајн однесување и добро донесување одлуки.

Научете ги критички да размислуваат. Помогнете им на вашите деца да ги идентификуваат безбедните, веродостојни веб-страници и други дигитални содржини. Поттикнувајте ги да бидат претпазливи кога кликаат, симнуваат, постираат или објавуваат содржина.

Објаснете ги импликациите. Помогнете им на децата да ја разберат јавната природа на интернетот и неговите ризици, како и придобивките. Осигурете се да бидат запознаени со тоа дека сите дигитални информации што ги споделуваат, како што се електронски пораки, фотографии или видеа, лесно може да се копираат и да се додадат на друго место и дека речиси е невозможно да се вратат назад. Работи кои можат да им наштетат на нивната репутација, пријателства или идните перспективи не треба да се споделуваат по електронски пат.

Едноставно велејќи “не” ретко функционира. Научете ги вашите деца како безбедно да комуницираат со лицата кои ги “среќаваат” онлајн. Иако е пожелно да не стапуваат во директен контакт со лица кои ги познаваат само преку интернет, младите не секогаш го почитуваат ова правило. Затоа зборувајте за максимизирањето на безбедните услови: сретнување само на добро осветлени јавни места, секогаш во придружба на барем еден пријател/ка и споделување на намерите со возрасно лице од доверба – вклучувајќи информации за време и место и контакт информации за онлјан-познаникот (барем име и број на мобилен телефон).

Оспособете ги вашите деца да се справуваат со проблеми, како што се малтретирање, несакан контакт или злонамерни коментари. Работете со нив на стратегии за тоа кога ќе се појават проблеми, како што се разговор со возрасно лице од доверба, да не прибегнува кон одмаздување, блокирање на лицето или поднесува на жалба. Договорете се за чекорите што треба да се преземат ако стратегијата не успее.

Check Also

Сајбер-безбедност во домот: Водич за родители, едукатори и деца

Линк кон брошурата во PDF формат: SajberBezbednostVoDomot_broshura_web Овој водич е направен за да им помогне …