Достапно на / Dispozicion në: English (English)
1. Преглед
1.1. Вовед
Со овој документ се опишува работата на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти, понатаму MKD-CIRT и е поделен во неколку делови. Секој дел дава насоки и процедури како констиуентите на најдобар начин да пријавуваат компјутерски инциденти до MKD-CIRT.
1.2. Цел
Овој документ содржи опис за MKD-CIRT согласно rfc2350. Во него се содржани информации за членовите и тимот за одговор на компјутерски безбедносни инциденти што го сочинуваат MKD-CIRT, информации за контакт со тимот како и опис на одговорностите и услугите што ги нуди MKD-CIRT.
1.3. Опсег
Оваа политика ги опфаќа конституентите на MKD-CIRT.
1.4. Референции / Врски
[1] RFC2350 шаблон. [2] Упатство за пријава на инциденти од конституентите.1.5. Дефиниции и кратенки
Кратенка | Дефиниција |
PGP | Pretty Good Privacy |
CERT | Computer Emergency Response Team |
CIRT | Computer Incident Response Team |
CSIRT | Computer Security Incident Response Team |
2. Информација за документот
2.1. Датум на последна промена
Ова е верзија 1.0 од документот објавена на 01.02.2015 година.
Оваа верзија на документот е со важност се до објава на нов документ со следен број на верзија.
2.2. Дистрибуциски листи за известувања
Промените на овој документ не се дистрибуираат преку листа на адреси за е-пошта, RSS или било кој друг начин. Ве молиме Вашите прашања или забелешки да ги испраќате на адресата на MKD-CIRT (види точка 3.7).
2.3. Локации каде може да се најде овој документ
Тековната верзија што е во важност постојано е достапна на официјалната веб страна на MKD-CIRT на https://mkd-cirt.mk
2.4. Автентикација на овој документ
Овој документ е потпишан со PGP клуч на MKD-CIRT.
Потписот е достапен на официјалната веб страна на MKD-CIRT на https://mkd-cirt.mk
3. Информации за контакт
3.1. Назив на тимот
Целосен назив: Национален центар за одговор на компјутерски инциденти.
Скратен назив: MKD-CIRT
3.2. Адреса
Агенција за електронски комуникации
Национален центар за одговор на компјутерски инциденти
ул. Кеј Димитар Влахов број 21
1000 Скопје
Република Македонија
3.3. Временска зона
CET / CEST
Central European Time / Central European Summer Time
3.4. Телефонски број
Централа: +389 2 3289 200
Дежурен телефонски број: +389 2 3091 232 (овој број не е достапен за цело време траење надвор од работното време. За достапноста на овој број важи принципот на најдобар напор (best effort).
3.5. Број на факсимил
+389 2 3224 611 (ова НЕ Е безбеден начин на комуникација)
3.6. Други телекомуникации
Интернет веб сајт: https://mkd-cirt.mk
3.7. Адреси за е-пошта
info@mkd-cirt.mk : оваа адреса за е-пошта се користи за размена на општи информации. Пријавување на инциденти (види подолу) преку оваа адреса треба да се избегнува.
soc@mkd-cirt.mk : оваа адреса за е-пошта се користи за известувања на инциденти до тимот на MKD-CIRT.
3.8. Информација за јавни клучеви и енкрипција
Адресите за е-пошта (info@mkd-cirt.mk и soc@mkd-cirt.mk) што ги користи MKD-CIRT го споделуваат истиот PGP клуч, како што е објаснето подолу:
- Key ID: 0x 333C00DB
- Key Type: RSA 4096
- Key Fingerprint: 0FB9 3DA3 E008 FA8B FC6A 9C71 0741 17A1 333C 00DB
Јавниот клуч и неговите потписи може да се најдат на големите меѓународни јавни сервери за клучеви како и на јавната веб страна на MKD-CIRT (https://mkd-cirt.mk).
Со овие клучеви се потпишува секоја комуникација од MKD-CIRT. Тие исто така се користат при секоја доверлива комуникација со MKD-CIRT (известувања за инциденти, предупредувања).
3.9. Членови на тимот на MKD-CIRT
Тимот на MKD-CIRT е составен од посветен персонал на ИТ експерти за информациска безбедност од Агенцијата за електронски комуникации. Целосна листа на членови на тимот на MKD-CIRT не е јавно достапна. При официјална комуникација во врска со компјутерски инцидент, членовите на тимот ќе се идентификуваат на страната што известува за компјутерскиот инцидент со цело име и презиме.
3.10. Други информации
Општи информации за MKD-CIRT како и врски или линкови кон други препорачани ресурси за информациска безбедност може да се најдат на јавната веб страна на MKD-CIRT (https://mkd-cirt.mk).
3.11. Точки за контакт со корисници
Денови/часови на работа на MKD-CIRT се од 08:30 до 16:30 CET од Понеделник до Петок освен државните празници во Република Македонија.
Сите известувања за инциденти треба да се испраќаат на soc@mkd-cirt.mk. Оваа адреса за е-пошта се преферира при известувања за итни, осетливи, критични или класифицирани информации, настани за информациска безбедност и пријави на инциденти.
Користењето на телефон или факс за известување на инциденти треба максимално да се избегнува.
MKD-CIRT ги охрабрува своите конституенти при размена на секоја осетлива информација да користат безбедна е-пошта (на пример PGP).
4. Повелба
4.1. Изјава за Мисија на MKD-CIRT
Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT ја има следната мисија:
- да координира и да помага/асистира на органите и институциите од јавниот сектор во имплементацијата на проактивните услуги за намалување на ризикот од компјутерски безбедносни инциденти, како и при справувањето со инцидентите кога истите ќе настанат,
- да спроведува активности за едуцирање и подигање на свесноста кај граѓаните за негативните ефекти на сајбер заканите и компјутерскиот криминал, и
- навремено да обезбедува совети за сите негови конституенти.
За исполнување на својата мисија, МКД-ЦИРТ има надлежност:
- да ги покрива класифицираните и не класифицираните инфраструктури,
- Да реагира и да координира во случај на инциденти,
- Да спречува и открива големи инциденти, и
- Да ја подобрува координацијата меѓу владините чинители во рамките на управувањето и одговорот на инциденти.
4.2. Конституенти на MKD-CIRT ги сочинуваат:
- Сите министерства, јавната администрација и услугите на Влада на Република Македонија
- Операторите на критичната инфраструктура во Република Македонија, и
- Големи организации во банкарскиот, транспортниот, комуникацискиот, здравствениот, енергетскиот и други стратешки сектори во Република Македонија
Детална листа и повеќе информации за конституентите ќе најдете на веб страната на MKD-CIRT https://mkd-cirt.mk.
4.3. Спонзорство/Поддршка и поврзаност
MKD-CIRT е спонзориран од следните ентитети во Република Македонија:
- Агенција за електронски комуникации
- Министерство за информатичко општество и администрација
MKD-CIRT одржува врски со CERT / CSIRT заедницата преку учество на меѓународни состаноци во организација на FIRST и TF-CSIRT и други меѓународни здруженија.
MKD-CIRT има започнато постапка за пријавување во листата на Trusted Introducer (TI).
4.4. Надлежност
Со измените на Законот за електронските комуникации (Службен весник на Република Македонија број 188/2014), согласно член 26-а во состав на Агенцијата за електронски комуникации се формира посебна организациона единица – Национален центар за одговор на компјутерски инциденти, која ќе претставува официјална национална точка за контакт и координација во справувањето со безбедносните инциденти кај мрежите и информациските системи и кој ќе идентификува и ќе обезбедува одговор на безбедносни инциденти и ризици.
При тоа, MKD-CIRT ги реализира следните цели:
- Да обезбеди клучна улога при координација на справувањето со инциденти кај засегнатите субјекти на национално ниво.
- Да обезбеди одговор за справување со компјутерски инциденти, преку давање на неопходни услуги кон неговиот конституент/корисник, со што неговиот конституент/корисник ќе може ефикасно да се справи со инцидентите.
- Континуирано да врши мониторингот за ризици, да добива информации за компјутерските закани и инциденти (по автоматски пат или од трети страни) и постојано да располага со показатели за малициозен сообраќај што доаѓа или излегува од државата.
- Преставува официјална национална точка за контакт и размена на информации (извештаи за инциденти, ранливост итн.) за внатре во рамките на државата како и за надвор од неа со Националните/Владини CIRT тимови од државите во регионот и пошироко.
- Да навремено ги информира и известува конституентите. Да им обезбедува на конституентите безбедносни совети, информации за рано предупредување и да делува како централна точка за прашањата од областа на сајбер безбедноста.
- Целосно да соработува и разменува информации со институциите од државата надлежни за спроведување на законите, а особено со оние од областа на сајбер криминалот, како и соодветно да ги адресира правните прашања кои можат да се појават за време на инцидент.
- Континуирано да разменува информации, знаење и искуство со конституентите, да утврдува безбедносни најдобри практики/водичи и истите да ги објавува, како и континуирано да обезбедува едукација и обуки за конституентите и за самите вработени во центарот.
- Да обезбедува помош во процесот на воспоставување на Интерни центри за одговор на компјутерски инциденти на големите организации кои управуваат со клучни/критични информациски инфраструктури (јавни и приватни) во Република Македонија.
- Континуирано да ја подига свесноста кај граѓаните за негативните ефекти на сајбер заканите и компјутерскиот криминал
MKD-CIRT очекува соработка со системските администратори од конституентите.
Членовите за заедницата на MKD-CIRT што сакат да поднесат жалба по активности на MKD-CIRT треба да се обратат кај одговорното лице на MKD-CIRT.
Сите членови на тимот на МКД-ЦИРТ ги имаат потребните сертификати за пристап до информации. Заради ова тие имаат широки можности за интеракција со системите, услугите и системските администратори од конституентите на MKD-CIRT.
MKD-CIRT работи согласно важечките закони во Република Македонија.
5. Политики
5.1. Типови на инциденти и нивоа на поддршка
Нивото на поддршка што го пружа MKD-CIRT варира зависно од видот и сериозноста на инцидентот, ранливоста или прашањето, како што ќе утврдат вработените во MKD-CIRT, од видот на средствата, од делот на конституентите што се засегнати како и од моментално расположливите ресурси на MKD-CIRT.
Инцидентите по информациска безбедност кај конституенти што се регистрирани во MKD-CIRT секогаш ќе имаат предност пред инцидентите кај нерегистрираните конституенти.
MKD-CIRT може да реагира по барање на еден од конституентите или доколку еден од неговите конституенти е инволвиран во инцидент по информациска безбедност.
Инцидентите на безбедност на информации се приоретизираат според нивната очигледна тежина и обем. MKD-CIRT не пружа поддршка на крајни корисници кај конституентите. Тие треба да се обратат за помош кај системските или мрежните администратори или кај претпоставените во својата организација. MKD-CIRT пружа само ограничена поддршка за крајни корисници на конституентите.
MKD-CIRT не вржи ad-hoc обуки за системски администратори кај конституентите со цел одржување на мрежата и информациските системи што се во сопственост или со кои управува конституентот. MKD-CIRT не врши одржување на системите на конституентите. MKD-CIRT може да понуди насоки кон информациите потребни за имплементација на соодветни мерки за информациска безбедност на системите и информациите кај конституентите.
5.2. Соработка, Интеракција и Откривање на информации
MKD-CIRT ги презема соодветните мерки за заштита на идентитетот на членовите на своите конституенти. MKD-CIRT споделува информации и помага доколку е истото потребно за разрешување или спречување на безбедносни инциденти.
MKD-CIRT високо ја цени важноста од оперативна соработка и споделување на информации меѓу тимовите за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (CSIRT тимови), како и со други организации кои може да допринесат кон безбедноста или од кои може да се користат нивните услуги.
MKD-CIRT ги штити осетливите информации согласно важечката регулатива во Република Македонија. Во таа насока MKD-CIRT ги почитува ознаките за чувствителност и класификација на информациите одредени од страна на доставувачот на информацијата до MKD-CIRT.
При споделување на информации MKD-CIRT додава на информацијата соодветна ознака согласно протоколот Traffic Light Protocol – TLP. MKD-CIRT ќе ја почитува TLP ознаката на примените информации доколку истата е содржана во информацијата.
Политиката за откривање на информации е достапна на веб страната на MKD-CIRT https://mkd-cirt.mk.
5.3. Комуникација и Автентикација
Префериран начин на комуникација е преку е-пошта. Доколку не е можно (или не е препорачливо од безбедносни причини) да се користи електронска комуникација (е-пошта, веб формулар), MKD-CIRT е достапен во работно време преку телефон. Надвор од работното време достапен е дежурен телефонски број но тој не го покрива целиот период и за неговата достапност се применува принципот на најдобар напор.
Со оглед на видовите информации со кои работи MKD-CIRT, телефонската комуникација може да се користи како доволно безбеден начин дури и без енкрипција. Не енкриптирани пораки по е-пошта нема да се третираат како доволно безбеден начин за комуникација, но ќе се сметаат за доволни при пренос на некласифициран или информации со ниска осетливост.
Кога е неопходно да се воспостави доверба, на пример пред пренос на информација доставена до MKD-CIRT или пред откривање на доверлива информација, потребно е да се одреди со доволна сигурност идентитетот на испраќачот.
Безбедност на комуникацијата се постигнува на разни начини: преку користење на PGP или на друг претходно договорен начин, зависно од нивото на осетливост на информацијата.
Доколку е неопходно испраќање на осетливи податоци преку е-пошта, мора да се користи енкрипција (на пример PGP). Мрежен пренос на документи се третира исто како и комуникација по е-пошта: осетливите податоци треба да се енкриптираат пред преносот. Во вакви ситуации, целата осетлива комуникација кон MKD-CIRT треба да е енкриптирана со клучот на MKD-CIRT.
Целата податочна комуникација вклучително и користењето на е-пошта што е иницирана од страна на MKD-CIRT е дигитално потпишана со користење на горе спомнатите PGP клучеви на MKD-CIRT или со клучеви за потпис на вработен во MKD-CIRT.
Користењето на енкрипција / дигитално потпишување се препорачува при испраќање на информации до MKD-CIRT, особено при испраќање на осетливи информации.
Кога се испраќа Пријава за инцидент, потребно е да се достави (1) забелешка за итноста, (2) потребата од повратна информација, и (3) да се користи формуларот приложен во дел 7.
6. Услуги
MKD-CIRT е авторизиран за управување и одговор на секако вид на компјутерски безбедносни инциденти кои што вклучуваат класифицирани и некласифицирани информации, кои што се случуваат или се закануваат да се случат во мрежите, системите и услугите на неговите конституенти.
MKD-CIRT им пружа поддршка на конституентите преку група од реактивни и проактивни услуги од областа на информациската безбедност.
MKD-CIRT постепено ќе ги воведува услугите, започнувајќи со Управување со инцидент (Incident Handling).
6.1. Одговор на инцидент
MKD-CIRT ги координира сите активности во врска со одговор на инцидент кај своите конституенти. Ние пружаме поддршка, помош и совет во врска со следните аспекти на управување со инциденти:
Услуга | Опис | |
1 | Известувања и предупредувања | Откривање на детали за тековните закани и чекори кои можат да се преземат за да заштита од овие закани. Вклучува известување или предупредување за новооткриената информација за сајбер закани и слабости до конституентите со препорачан тек на акции и насоки за тоа како да се заштити системот. Известувањата може да се превентивни, предупредувачки, советодавни, и насочувачки. |
2 | Далечински одговор на инцидент | Обезбедување на техничка помош за справување со безбедносните инциденти кога ќе се појават, со цел ублажување на штетата и опоравување од инцидентот. Советите и техничката помош обично се обезбедува преку телефон или e-mail-базирана комуникација |
3 | Одговор на инцидент на лице место | Обезбедување на техничка поддршка и совети за справување со безбедносните инциденти кога ќе се појават на лице место, со цел да се ублажи штетата и опоравување од инцидентот. Оваа услуга вообичаено е поврзана и се реализиара при инциденти од критично ниво. |
4 | Одговор на ранливост | Оценување на соодветни мерки потребни за да се одговори на новооткриени слабости; да се оцени нивната сериозност и влијание, да се одлучи дали да издадат предупредувања за нив или да се потврдат или понатаму да се испита нивната тежина / влијание. Генерално, овој пристап се однесува на информации за ранливости кои се веќе јавно познати. |
5 | Основна свест, едукација и обука | Спроведување на програми од мали размери за подигнување на јавната свест. Спроведување на основни обуки за одговор на компјутерски инциденти и основни сајбер безбедносни најдобри практики. |
7. Формулар за пријава на инцидент
Известување на инцидент може да се направи на еден од следните два начини:
Анонимен начин: известување за инцидент со користење на веб формуларот (https://mkd-cirt.mk). На овој начин анонимно се пријавуваат инциденти. Инцидентите пријавени преку веб формуларот се енкриптираат пред преносот со јавен клуч на MKD-CIRT.
Стандарден начин: пријава на инцидент со користење на Образец за пријава на инцидент согласно Упатството за пријава на инциденти.