
- This event has passed.
Онлајн состанок за сајбер-безбедност на веб-апликации
29.07.21 @ 10:00 am - 11:00 am
Почитувани,
Ве покануваме на состанок на тема „Безбедност на веб апликации“.
Цел на состанокот е презентација на услугата за надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации што MKD-CIRT им ја нуди на организациите од јавниот и владиниот сектор. На состанокот ќе се разговара и за најчестите ранливости кај веб-сајтовите и основните безбедносни мерки и добра пракса за заштита.
Состанокот ќе се одржи онлајн преку Webex платформата, од 10:00 до 11:00 часот.
Пријавување за учество на состанокот е со пополнување на образецот во продолжение
Се надеваме дека ќе ја прифатите поканата и ќе учествувате на состанокот.
За сите дополнителни прашања Ви стоиме на располагање.
Со почит,
Национален центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT
Агенција за електронски комуникации
Тел.: 02 3091232; Моб.: 070 338155; Е-пошта: contact@mkd-cirt.mk