Линк кон брошурата во PDF формат:
SajberBezbednostVoDomot_broshura_web
Овој водич е направен за да им помогне на родителите, едукаторите
и децата за безбедно користење на Интернет.
Според резултатите од Испитување на јавното мислење за примена
на мерки за безбедност на Интернет, кое го спроведовме во јули 2019
година, корисниците на Интернет во државата се најмногу загрижени
за опасностите од кражба на лични податоци, хакирање на профили на
социјалните мрежи и измами при купување преку Интернет. Според
истото испитување, родителите сметаат дека најважни мерки што
треба да се преземат за заштита на децата на Интернет се разговор и
едукација на децата, запознаетост на родителите со активностите на
децата на Интернет, како и ограничување на времето кое децата го
поминуваат на Интернет.
Овој водич содржи совети за сајбер-безбедност наменети за возрасни
и деца, како користење на социјалните мрежи, безбедно онлајнкупување, информации за опасносните од лажни вести и потребата
за медиумска писменост, како и за заштита при онлајн-играње.
Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како дел од Агенцијата за електронски комуникации со овој
водич и другите објавени документи и информации, работи активно
на подигање на јавната свест за значењето на сајбер-безбедноста.
Нашата мисија е да обезбедиме услови за побезбедно користење на Интернет.
#ЗаштитиСеНаИнтернет