
- This event has passed.
Работилница за сајбер-безбедност за мали и средни претпријатија, 17 октомври 2022, Marriott Hotel Скопје
17.10.22 @ 9:00 am - 4:30 pm
Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како организациска единица во Агенција за електронски комуникации ја организира оваа работилница во тесна соработка со DCAF – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор во рамките на регионалниот тригодишен проект на DCAF „Добро владеење во сајбер безбедноста на Западен Балкан“, финансиран од Канцеларијата за надворешни работи и Комонвелт (FCDO) на Владата на Обединетото Кралство.
Работилницата ќе ги собере клучните претставници на малите и средни претпријатија од Република Северна Македонија, а целта е да се разговара за релевантни теми, особено оние поврзани со: заштита на ИКТ системот (средства и информации итн.); управување со сајбер ризик; бизнис континуитет и враќање од катастрофи. Работилницата ќе опфати и теми поврзани со услугите што ги обезбедува MKD-CIRT како што се: како да се користи алатката за сајбер-одговорна организација на MKD-CIRT и кои се придобивките, како да се известува за инциденти и за важноста од споделување информации.
Учеството е бесплатно. Работилницата ќе се одржи на 17 октомври 2022 година, во Marriott Hotel Скопје.
Бројот на учесници е ограничен. По поднесување на Пријава за учество со пополнување на овој образец, учесниците на адресата за е-пошта дополнително ќе добијат Потврда за учество на работилницата.
Ажурирано на 11.10.2022: Ви благодариме на сите што ја прифативте поканата за учество на настанот. Заради исполнет број на учесници регистрацијата е затворена.