Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)Пораките на Facebook се користат од страна …
Повеќе ...Критична грешка во библиотеката PHPMailer ги става во ризик милиони веб страници
Достапно на / Dispozicion në: Albanian (Albanian) English (English)
Милиони веб седишта се под ризик заради критичен недостаток во програмската библиотека PHPMailer, една од најкористените PHP библиотеки за испраќање на електронска пошта, која овозможува извршување на произволен програмски код на веб сервер. Иако сигурносната закрпа е исдадена уште во во верзијата PHPMailer 5.2.18, се испостави дека закрпата не е потполна и може лесно да се заобиколи. Библиотеката PHPMailer директно или индиректно се користи во многу CMS (Content Management System) системи вклучувајќи ги WordPress, Joomla и Drupal. Затоа овој недостаток може да влијае на голем број веб седишта, а зависно од видот на CMS може да има различни последици. Недостатокот е предизвикан од недоволна/слаба проверка на адресата за е-пошта на испраќачот, а на напаѓачот може да му овозможи вметнување на shell наредба која би се извршила на веб серверот во контекстот на услугата sendmail. За успешно искористување на ранливоста потребно е на веб страницата или CMS-от да се користи веб формулар кој за испраќање на пополнетиот образец ја користи услугата PHPMailer и која дозволува рачен внес на адресата за електронска пошта на испраќачот.
На корисниците кои користат вградена библиотека PHPMailer во кодот на веб страниците им се препорачува ажурирање на апликациски код со закрпи веднаш штом се издадат, како и да проверат дали некои од поставките на веб страницата се искористени за испраќање на електронска пошта со користење на ранливата PHPMailer библиотека.
PHPMailer ја исправи грешката во издаденатра верзија од библиотеката, version 5.2.20. Сите верзии на PHPMailer постари од ова критично издание се ранливи и им се препорачува на администраторите и развивачите на веб апликации да ги надградат своите веб апликации на новата верзија.
Извор: TheHackerNews