Достапно на / Dispozicion në:
Albanian (Albanian)
Онлајн игрите се забавни и интерактивни. Можете да ги играте со пријателите или со луѓе од целиот свет. Бидете сигурни дека знаете како да се заштитите себеси и вашите лични информации додека играте онлајн игри. Следењето на овие едноставни упатства може да спречи појавување на проблеми подоцна. Првиот чекор е ЗАСТАНИ.РАЗМИСЛИ.ПОВРЗИ СЕ.
Се работи за ваша игра. Преземете ја контролата.
• Ако друг играч прави да се чувствувате непријатно, кажете му го тоа на возрасно лице од доверба. Запомнете дека секогаш можете да истерате некој играч од играта, ако прави да се чувствувате непријатно.
• Научете како да блокирате и/или пријавите друг играч ако истиот ве прави да се чуствувате непријатно. Снимајте што кажал другиот играч, но не влегувајте во конфликт.
• Играњето со луѓе кои не ги познавате или кои не се ваши добри пријатели? Време е да се маскирате.
o Користете безбедно играчко име: нешто кул како SecretNinja99 или LeTigreVerde.
o Користете аватар наместо ваша слика од веб-камера. Секако, веб-камерата е кул, но непознати лица не треба да знаат како изгледате. Користете превев на мистерија.
o Користете функции за промена на гласот ако ги имате. Во спротивно, избегнувај говор како комуникација за ја заштитите вашата анонимност.
Одржувајте го уредот без зарази
Разговарајте со вашите родители или старатели за тоа како тие можат да бидат сигурни дека вашиот компјутер е заштитен од компјутерски вируси, софтвер за шпионирање и други багови.
• Ажурирајте го безбедносниот софтвер: Инсталирањето на најновите верзии на безбедносниот софтвер, веб-пребарувачите и оперативниот систем е најдобрата одбрана против вируси, малициозен софтвер и други онлајн закани.
• Заштитете ги сите уреди што се поврзуваат на Интернет: Компјутерите, паметните телефони, играчките конзоли и другите уреди со веб-пристап имаат потреба од заштита од вируси и малициозен софтвер.
Заштитете ги вашите лични информации.
Лични информации се сите информации кои може да се искористат за да ве идентификуваат вас или вашите акаунти. Примерите вклучуваат вашето име, адреса, телефонски број, кориснички имиња и лозинки, слики, роденден и матичен број.
• Обезбедете ги вашите акаунти: Побарајте посилна заштита од лозинки. Многу провајдери на акаунти нудат дополнителни начини за да проверат кој сте вие пред да влезат во деловни односи со вас на таа страница.
• Лозинките нека бидат долги и силни: Комбинирајте ги големите и малите букви со броеви и симболи за да креирате посигурна лозинка. (Запомнете, лозинките се клучевите за вашите акаунти. Единствени кои треба да ги знаат сте ВИЕ и вашите родители. не твојот брат, сестра, најдобар пријател или учител – само ти.)
• Контролирајте го вашето онлајн присуството: Кога тоа е достапно, поставете ги поставките за приватност и безбедност на веб-страниците на ниво со кое сте удобни во однос на споделувањето на информации. Во ред е да се ограничи како и со кого ги споделувате информациите.
Бидете мудри кога сте на веб.
Бидете информирани за најновите случувања на интернет, знајте што да направите ако нешто тргне наопаку и да бидете отворени со вашите родители за она што го правите онлајн.
• Бидете тековно информирани. Одржувајте темпо со новите начини за да останете безбедни онлајн. Проверете ги доверливите веб-страници за најновите информации, споделете ги со вашите пријатели и семејство и поттикнете ги да бидат мудри кога се на веб.
• Размислете пред да дејствувате: Бидете претпазливи во однос на комуникации кои бараат да дејствувате веднаш, нудејќи нешто што звучи премногу добро за да биде вистинито, или барајќи лични информации. Не прифаќајте преземања од непознати лица. Ова вклучува чит-програми кои можеби тврдат дека ќе ви помогнат да бидете подобри во играта, но реално носат малициозен софтвер.
Биди добар онлајн граѓанин.
Лесно е да се кажат некои работи седејќи позади компјутерски екран кои никогаш нема да му ги кажете некому в лице. Одржувајте го истото ниво на љубезност онлајн што би го одржувале во реалниот свет.
• Побезбедно за мене, побезбедно за сите: Она што го правите онлајн има потенцијал да влијае на сите – дома, на работа и во целиот свет. Практикувањето на добри онлајн навики придонесува за целата глобална дигитална заедница.
ЗАСТАНИ. Пред да го користите интернетот, одвојте време за да ги разберете ризиците и за да научите како да ги забележите потенцијалните проблеми.
РАЗМИСЛИ. Здивнете за да бидете сигурни дека патот напред е јасен. Барајте предупредувачки знаци и размислете како вашите активности онлајн можат да влијаат на вашата или на безбедноста на вашето семејство.
ПОВРЗИ СЕ. Уживајте во Интернетот со поголема доверба, знаејќи дека сте ги направиле вистинските чекори за да се заштитите себе си и вашиот компјутер.